[ВИДЕО] Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди југот на Мексико

Макфакс

02/01/2026

16:40

151

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Гереро. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од само 10 километри, соопшти Германскиoт истражувачки центар за геонауки.

Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, објави на социјалната мрежа „Икс“ дека, по разговор со гувернерот на погодената држава, засега нема пријави за посериозна материјална штета.

Таа потврди дека штета не е евидентирана ниту во главниот град, Мексико Сити. Во моментот на земјотресот, претседателката Шајнбаум ја одржувала својата редовна утринска прес-конференција. Откако се активирале алармите за опасност, таа мирно го прекинала обраќањето и се евакуирала заедно со присутните новинари.