Насилство пред полноќ на новогодишната ноќ: Скопјанец ја нападнал сопругата

Макфакс

02/01/2026

13:39

247

Големина на фонт

а а а

На 1 јануари 2026 година во 17:40 часот, во Полициската станица Чаир, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Ѓ.С. (32) од овој град.

Како што информираат од полицијата, постапката била преземена по претходна пријава дека на 31 декември 2025 година, околу 23:00 часот, во семејниот дом физички ја нападнал својата 29-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот, како што е наведено, ќе следува соодветен поднесок.