Чесниот Екитике одби да симулира пенал за Ливерпул, Слот порача: Мило ми е што сме вакви

Дерби

02/01/2026

10:59

166

Големина на фонт

а а а

Ливерпул не профитираше од доминацијата која ја вопостави против Лидс Јунајтед и одигра само 0:0 на стартот на новата 2026-та година, а конечниот резултат 0:0 донесе ново разочарување меѓу фановите на англискиот шампион.

Домаќините беа подобар тим и најдобрите шанси не ги реализираа во првиот дел, период од кој пристигна и еден спорен момент кој се коментираше и на прес-конференцијата која ја одржа Арне Слот.

Иако Уго Екитике беше очигледно фаулиран кога излезе во ситуација пред голот, напаѓачот на Ливерпул реши да остане на нозе и да не паѓа, а овој негов потег го натера судијата да не презима акција и покрај тоа што имаше елементи за најстрога казна.

– Доколку Екитике паднеше, најверојатно ќе добиевме пенал. Оваа сезона толку многу пати бевме фаулирани, но едноставно не добивме пенал. Оваа сезона беа досудени доста „меки пенали“ против нас, но кога е обратно, судиите велат играта да продолжи.

– Кога нашите играчи остануваат на нозе во вакви ситуации, не постои можност ВАР да се вмеша и да интервенира. Сепак, јас ги охрабрувам играчите да продолжат да го прават тоа. Ние сме тоа што сме, играме чесно и остануваме на нозе кога можеме да го направиме тоа. Мило ми е што е така, – објасни Слот.

Видеото од спорниот момент погледнете го ТУКА.