Тажна вест: Почина двегодишно дете повредено на новогодишната ноќ, обвинителството нареди обдукција

Макфакс

02/01/2026

10:51

963

Големина на фонт

а а а

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава почина на клиника во Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во однос на случајот е издадена наредба за обдукција на телото, со цел целосно расветлување на причините и околностите под кои настанала трагедијата.


Според досегашните сознанија, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум.


Засега нема официјални информации за локацијата на несреќата.