[ФОТО] Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Макфакс

01/01/2026

13:47

573

Големина на фонт

а а а

Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на мајката и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост.

„Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град.

Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината.

Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.

♥️ Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје.


🕰️ Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати,...

Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Thursday, January 1, 2026

Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува.

Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“.

Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество, напиша Ѓорѓиевски.

„Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност.

Искрени честитки до мајката Емилија.

Посакувам здравје, среќа и многу успеси.

Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година“.