Какво ќе биде времето за дочекот на Новата година и 1 јануари

Макфакс

30/12/2025

10:04

232

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде сончево и студено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје се очекува претежно сончево и студено време, со умерен северен ветер.


Прогноза за 1 јануари

Минималните температури ќе се движат од -12 до -2 степени, додека максималните ќе бидат од -1 до 7 степени Целзиусови. Времето ќе биде претежно сончево и студено, со слаб до умерен ветер од северозападен правец