Првиот црногорски сателит „Luča“ е лансиран во вселената од рускиот космодром „Vostočni“ со ракета „Sojuz“, соопшти организацијата „Montenegro Space Research“.
По лансирањето на сателитот во ниска Земјина орбита (LEO), „Montenegro Space Research“ се насочува кон ново поглавје: развој и производство на првата црногорска ракета, што ќе претставува најголем технолошки исчекор во историјата на Црна Гора, објави порталот „RTCG“.
„Сè започна со една идеја. За идејата Црна Гора по првпат да добие свој сателит во вселената заслужни се три лица: Никола Перовиќ, Филип Јовиќевиќ и Нина Дракулиќ.
Денес сакаме да изразиме искрена благодарност до сите кои беа дел од овој пат, до оние кои веруваа од самиот почеток, до оние кои дадоа поддршка кога беше најтешко и до сите кои и понатаму се активно вклучени во проектот“, порачаа од „MNE Space Research“.







