[ВИДЕО/ФОТО] Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и повредени

Макфакс

27/12/2025

12:36

1.173

Големина на фонт

а а а

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети.

Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.

Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ.

„Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.

- Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана без греење, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.

Русија синоќа нападна неколку региони, вклучувајќи ги Черниговската, Николаевската, Харковската и Житомирската област.