[ВИДЕО] Сцени од Сиетл како од видеоиграта „GTA“: Пешак извлекол полицајка од службеното возило и го украл

Точка

26/12/2025

12:53

476

Големина на фонт

а а а

Сцени какви што се гледаат само во видеоигрите биле забележани во четврток на автопат кај Сиетл, кога маж, кој бил пешак, украл службено возило од полицајка.

Снимката прикажува пешак како му приоѓа на службеното полициско возило, а откако полицајката излегува од него, тој ја фрла на земја, влегува во автомобилот и си заминува.

Возилото било украдено во 12:30 часот, а веќе по неколку часа мажот бил уапсен.

Реагирале неколку агенции и го следеле патролното возило на државата Вашингтон околу 15 до 20 минути, по што го запреле во Линвуд.

Не биле пријавени повреди, соопштија локалните медиуми.