Пред нас е празничното, божиќно коло во Премиер лига, коло кое започнува денеска на „Олд Трафорд“ во Манчестер, а ќе заврши во недела во Лондон на „Селхрст Парк“.
Дерби на рундата ако се погледне пласманот дефинитивно е соочувањето на Челси и Астон Вила, битка на „сините“ со тимот кој некое време „лета“ како во Англија така и во Европа.
Меѓутоа ако се оствари прогнозата на Крис Сатон, серијата на избраниците на Унаи Емери ќе заврши токму на „Стемфорд Бриџ“. Тој прогнозира дека четата на Енцо Мареска ќе слави со 2-1.
Некогашниот напаѓач исто така смета дека Арсенал и Сити ќе забележат идентични победи од 2-0, додека Јунајтед ќе загуби дома од Њукасл со 1-0.
Типови на Крис Сатон:
Манчестер Јунајтед-Њукасл 0-1
Нотингем Форест-Манчестер Сити 0-2
Арсенал-Брајтон 2-0
Брентфорд-Борнмут 2-2
Барнли-Евертон 1-1
Ливерпул-Вулверхемптон 2-0
Вест Хем-Фулам 1-2
Челси-Астон Вила 2-1
Сандерленд-Лидс 1-0
Кристал Палас-Тотенхем 0-0







