[ВИДЕО] Дали Венко кој има златна виза за Дубаи е партнер на Заев во градење на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

Макфакс

25/12/2025

12:51

422

Големина на фонт

а а а

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42-катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, а за истите и самите потврдија, но не кажаа на кој начин ги добиле. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности.

Иако Филипче призна дека златната виза е последица на работен ангажман во некаква си болница во Дубаи и вети дека тоа ќе го докаже, јавноста не виде никакви документи.

Јавно го прашуваме Венко Филипче, каква е неговата улога во изградбата на 40-катницата на Заев, за која сите слушнавме сведоштво? Дали златната виза на Венко во Дубаи е резултат на тоа што Венко Филипче е бизнис партнер на Зоран Заев во градење на згради? Од каде му пари на Венко за да си дозволи толку голем влог, со оглед на тоа дека тој самиот кажува дека има досега работено како доктор и како пратеник? Дополнително, Филипче треба да одговори на чии име се води станот за кој Томе Аврамски вели дека е во негова сопственост?

Почитувани граѓани, додека Венко и Заев продаваат грижа, морал и достоинство во државата, од друга страна гледаме како се расфрлаат со милиони за изградба на 40-катница, и тоа не било каде, туку во Дубаи. Го повикуваме ЈО да го истражи случајот“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.