Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Нетпрес

25/12/2025

09:55

338

Големина на фонт

а а а

На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, кој според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“

Во судницата во затворот „Идризово“, која е деташирана судница на Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, кој според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани и „РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШНС“.