Уапсени возачи во Кичево и ресенско: управувале возила под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената

Макфакс

24/12/2025

10:01

182

Големина на фонт

а а а

Вчера во 09:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од с.Лазаровци, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта.

Вчера во 18:55 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен сопреле патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(36) од Охрид, затоа што при контрола во патниот сообраќај е констатирано дека го управувал возилото со брзина од 105 километри на час на место каде е дозволено 50 километри на час.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.