Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа во источните делови ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.







