СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ дека власта сака целосна контрола

Макфакс

23/12/2025

09:28

165

Големина на фонт

а а а

Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството, обвини СДСМ.

„Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните. Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа. Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.  Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ. Дали сега на сите им е јасно што се случува? Исто како во времето на Груевски“, велат од СДСМ.