Ламин Јамал беше клучен фактор во победата која ја оствари Барселона на „Ла Керамика“, не само поради голот кој го постигна за 0:2, туку и поради фактот што изнуди црвен картон за Ренато Веига.
Крилниот фудбалер на Барса се најде на мета на ривалот и беше жестоко соборен со агресивен старт, а во таа фаза од првиот дел, Барселона остана со играч повеќе на теренот во ситуација кога веќе имаше водство.
Од тој момент, па се до крајот на мечот, Јамал добиваше свирежи од фановите на Вилјареал при секој допир со топката, но Ламин не остана должен и ги „поздрави“ домашните навивачи со прославата, но и со објава на социјалните мрежи.
При прославата на погодокот за 0:2, Јамал илустрираше свирежи во знак на атмосферата која се создаде на трибините, а токму таа фотографија ја избра и како ударна во објавата која ја имаше на социјалните мрежи.
Ламин не додаде опис во својот пост, но некогаш една слика вреди повеќе од илјада зборови.





