Кин и Невил посочија двајца виновници за поразот од Астон Вила

Дерби

22/12/2025

12:30

172

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед одигра добар натпревар и на моменти се чинеше дека е поконкретен тим од Астон Вила, но сепак избраниците на Рубен Аморим потфрлија во клучните моменти и дозволија простор за две ремек-дела на Морган Роџерс.

Англискиот репрезентативец погоди двапати од слична ситуација и го искористи просторот кој му го оставија дефанзивците на Јунајтед, па по поразот на „ѓаволите“ со резултат 2:1, легендите на клубот вперија и со прст кон двајца играчи.

Рој Кин го нападна Диого Далот за индолентноста и незаинтересираноста да биде одлучен во дуелите на десната дефанзивна страна, додека Гери Невил смета дека главен виновник за првиот гол на Роџерс е Лени Јоро.

Двата гола на Астон Вила пристигнаа токму од страната која ја бранат Дало и Јоро, па токму поради тоа, легендите беа критички настроени кон двајцата.

– Една работа е квалитетот кој го поседувате, но отсекогаш сум велел дека кога играте во одбрана, мора да ги засукате ракавите. Мора да има поголема енергија и поголема гордост. Погледнете го што прави Дало, уште се осмелува да даде интервју после натпреварот. Дало немаше никаков интензитет за да спречи центаршут во акцијата која заврши со втор гол, а и првиот пристигна од неговата страна. Такви моменти се клучни на еден натпревар. Центаршутот беше лош, но Астон Вила постигна гол во продолжение. За жал има многу играчи како Далот, едноставно има играчи кои не прават доволно за тимот – изјави Кин.

– Роџерс е специјален играч, направи многу добри работи, но доби помош и од дефанзивците на Јунајтед. Првиот допир за првиот гол не му беше најидеален, но Лени Јоро не беше блиску до него. Кога сте надвор од шеснаесетникот, мора да размислувате и на прекршок над Морган, а откако не го направи тоа, видовме што може да направи Роџерс. Играв на таа позиција и со такви играчи мора да играте на граница на дозволеното, не смее да допуштите да ве помине, – порача Невил.