Сакраменто и Хјустон го одиграа највозбудливиот натпревар рано утрово во НБА лигата, а на крајот победникот беше решен по дополнителни пет минути игра со продолжение.
Рокетси се чинеше дека имаат обезбедено победа кога поведоа со 86:100 во последната четвртина, но „кралевите“ не се откажаа и успеаја да се вратат во игра, а на крајот да дојдат и до израмнување.
Вестбрук погоди тројка и израмни на 112:112, а во последниот напад во регуларниот дел, Кевин Дурент не погоди тројка и го однесе мечот во продолженија.
Во дополнителните пет минути, повторно беше крајно неизвесно и се чинеше дека Хјустон е поблиску до победа, но Денис Шрудер испорача нова тројка на две секунди пред крајот и донесе предност за Сакраменто.
Предноста од 125:124 се покажа како дефинитивна за победа, додека во последниот напад, епитетот на трагичар го потврди Дурент со ново промашување за триумф.
Шенгун беше најефикасен играч на паркетот со 28 поени, ДеРозан од Сакраменто уфрли 27, додека трагичарот Дурент го заврши мечот со 24 поени. Во победничкиот табор, Шрудер уфрли 24, а Вестбрук 21 поен.
DENNIS SCHRÖDER WINS IT FOR THE KINGS 🚨
— NBA (@NBA) December 22, 2025
SACRAMENTO SECURES THE THRILLER IN OVERTIME! pic.twitter.com/6UWo79Up7a
Останати НБА резултати:
Бруклин – Торонто 96:81
Њујорк – Мајами 132:125
Минесота – Милвоки 103:100
Вашингтон – Сакраменто 113:124







