Џан Пјеро Гасперини искажува директно незадоволство од стартот на сезоната со играта на своите напаѓачи, но како што се ближи стартот на зимскиот преоден рок, искусниот стручњак е така се погласен во својот обид да добие нов голгетер.
Еван Фергусон не го подобри ефектот на Артем Довбик и двајцата имаат навистина лоши бројки во првиот дел од сезоната, па јасно е дека Гасперини ќе направи се што е во негова моќ во обидот да го убеди раководството да му доведе нов напаѓач.
Рома загуби од Јувентус со 4:1 и претрпе пораз на четврто дерби од стартот на сезоната, а според Гасперини, тоа е јасен сигнал дека на тимот му недостасува нешто во директните пресметки со ривалите.
– Фергусон сè уште не ме убедува доволно, дури ниту со изданието во вториот дел. Не станува збор само за техниката и фудбалските квалитети, тој и уште неколку засилувања не успеаја да се прилагодат на духот кој го има во овој тим.
– Иако не е напаѓач, ако треба да бирам меѓу Дибала и Фергусон, секогаш ќе го бирам Дибала. Сега следи зимскиот преоден рок, тоа дефинитивно е да промениме нешто во тимот, – изјави Гасперини.







