Голем дел од медиумите гледаа нелогичности во одлуката на Барселона да ангажира нов голман во летниот преоден рок, но после само неколку месеци, стана јасно дека Ханси Флик доби вистинска гаранција на голот.
Иако и претходно сметаше на два извонредни голмани како Тер Штеген и Војчех Шчесни, германскиот стручњак доби огромно засилување од Еспањол, а тоа може да се заклучи од коло во коло во шпанската Ла Лига.
Ханси нагласи дека Гарсија ќе биде недопирлив како прв голман и по враќањето на Тер Штеген, а вчера на „Ла Керамика“ дознавме зошто е тоа така.
Вилјареал загуби на домашен терен од лидерот со 0:2, а единствен виновник за тоа што не постигна барем еден гол е Гарсија.
Жоан имаше голмански мастерклас на гостувањето кај „жолтата подморница“, па со низа импресивни интервенции само покажа зошто е број еден во Барселона.
Видеото погледнете го ТУКА.







