Астон Вила го истрола фанот кој чека пет победи во низа од Јунајтед

Дерби

22/12/2025

11:51

152

Големина на фонт

а а а

Унаи Емери пишува своја историја како менаџер на Астон Вила и успева да го води тимот до извонредни резултати во последно време, а залетаниот состав од Бирмингем вчера најде решение и за Манчестер Јунајтед.

Морган Роџерс со две мајстории ги урна надежите на Јунајтед дека може да оствари победа на „Вила парк“, па победата од 2:1 значеше дека Астон Вила стигна до десетти триумф во низа во сите натпреварувања.

Клубот од Бирмингем го прослави овој извонреден успех на социјалните мрежи, но исто така, реши да се потсмева со најпознатиот фан на Манчестер Јунајтед кој повеќе од една година е актуелен со предизвикот кој никако да го заврши.

Франк Илет чека пет победи во низа на Јунајтед повеќе од 400 дена, а бидејќи засега не се наѕира брзо реализирање на предизвикот според кој треба да ја скрати косата, Астон Вила реши да го истрола со едноставна порака.

– Десет победи во низа…. Познатиот фан на Јунајтед досега ќе имаше две потшишувања, – порача администраторот на Вила.