Канаваро направи брутална споредба меѓу актуелниот италијански тим и оној кој освои светска титула пред 20 години

Дерби

17/12/2025

12:58

171

Големина на фонт

а а а

Фабио Канаваро не дочека интересна понуда и проект од Италија и му здосади да чека повик од Серија А, па на Светското првенство кое се игра наредната година ќе го гледаме во издание на селектор, односно како предводник на Узбекистан.

Легендарниот стопер ја презема селекцијата на Узбекистан и ќе биде нивни лидер на мундијалот кој се игра во САД, Мексико и Канада, а додека тој има загарантирано место на Светското првенство, неговите сонародници допрва ќе треба да изборат такво нешто.

Италија се обидува да избегне нов срам и преку баражот ќе брка настап на Светското првенство, турнир кој двапати го испушти во последните две изданија.

Канаваро смета дека има многу причини за падот на италијанскиот фудбал, но според него најголем недостаток е тоа што клубовите не им даваат шанса на младите играчи и купуваат се повеќе странци.

– Не се користат многу Италијанци во Серија А, а уште помалку млади играчи. Сето тоа се рефлектира врз националниот тим и врз тренерите кои треба да направат избор и да состават тим.

– Реалноста е таа. Пред 20 години освоивме Светско првенство и имавме играчи во тимот кои ве тераа да кажете „уау“. Две децении подоцна, имаме тим кој ве тера да кажете „мајко мила“, тоа е суровата реалност, – вели Канаваро.