Ханси Флик: Тер Штеген е капитен и мора да покажеме почит

Дерби

17/12/2025

12:55

130

Големина на фонт

а а а

Барселона се намачи против третолигашот Гвадалахара и се спасуваше од продолженија во самата завршница, а тоа дефинитивно заштеди сили за избраниците на Ханси Флик кој не се прославија на гостувањето.

Воочи натпреварот во Копа дел Реј, главен фокус беше ставен на една одлука која ја донесе Флик во стартната постава, но откако стана јасно дека Марк Андре Тер Штеген сепак ќе добие шанса од својот сонародник, малце спласнаа најавите околу неговото заминување.

Играчот со најдолг стаж во првиот тим се наоѓа во специфична ситуација бидејќи не му е загарантирано ниту местото на втор голман во тимот, но Флик вчера сепак му даде шанса пред Шчесни, но по средбата нагласи дека ова било одлука само за еден натпревар.

Целта на Германецот очигледно е да влијае охрабрувачки и врз искусниот Шчесни, кој минатата сезона и тоа како и помогна на Барса во походот да освои неколку титули.

– Тер Штеген е капитен на тимот и одигра многу натпревари за Барселона во изминатите 12 години. Разговарав со останатите тренери од стручниот штаб и сакавме да му дадеме шанса за игра. Тој му даде многу на клубот и мора да го почитуваме. Сепак, ова е одлука само за еден натпревар. Направи важен исчекор, но нема ништо повеќе од тоа, – изјави Ханси.