Адвокатот на Мбапе: ПСЖ одби да го исплати Килијан само поради една причина

Дерби

17/12/2025

12:29

190

Големина на фонт

а а а

Францускиот суд за труд вчера донесе пресуда во корист на Килијан Мбапе и му наложи на ПСЖ да му исплати 61 милион евра на фудбалерот, сума која му била загарантирана на напаѓачот од бонуси за последната сезона која ја одигра во францускиот великан.

Иако МБапе бараше отштета од над 200 милиони евра, Судот оцени дека најреално е Мбапе да ги добие само парите кои му биле предвидени според работните односи, а прекршувањето на оваа ставка од страна на клубот е оценета како неморален чин.

„Светците“ сигурно ќе се обжалат на оваа одлука и ќе го однесат случајот на повисока инстанца, но разврската од вчерашниот ден го натера адвокатот на Мбапе да излезе со изјава во јавноста, и тоа преку угледното радио „РМЦ“.

– Станува збор за едноставен случај. Работодавачот не му исплаќа плата на својот вработен, па јасно е дека работодавачот ќе мора кога-тогаш да плати.

– Да беше толку едноставно, немаше да бидеме во ситуацијата во која сме сега, да се влечеме по судови. ПСЖ не сака да плати само поради енда причина, не плаќаат од гордост. Не можат да ја прифатат помислата дека нивниот најдобар играч си замина во Реал Мадрид, тоа е толку лесно е едноставно за проценување, – вели адвокатот на француската ѕвезда.