Меколи Калкин стана глобална икона благодарение на божиќниот класик „Сам дома“, но неговата приказна не била бајковита. Последните 35 години светот не може да ги замисли новогодишните празници без Кевин, паметното момче кое ги мамеше несмасните крадци, но зад камерите Меколи поминувал низ вистински пекол.
„Уживавме, и до ден-денес уживаме во авантурата на снаодливиот Кевин… Класикот „Сам дома“ ми обезбеди планетарна популарност на долги патеки“, се присетил Меколи.

Сепак, славата дошла со големо оптоварување. Неговиот татко, како што Меколи подоцна открил, бил главниот виновник за неговата пропаст – тој му ја одземал заработката и го терал да снима филмови дури и кога тој не сакал.
„Тежината на обврските беше премногу за моите нежни и чувствителни години. Тој ме злоставуваше ментално и физички, поради што барав спас во алкохолот и дрогата, дури и се обидов да се самоубијам“, признал актерот.

Во текот на младоста, Меколи повеќе пати бил уапсен поради поседување забранети супстанции, а богатството што го стекнал скоро исчезнало. Сепак, успеал да се врати на вистинскиот пат, посветувајќи се на музиката и работата во медиуми. Беше тапанар, имаше рок бенд и отпочна сатиричен сајт и поткаст за поп култура, а неговото враќање на ТВ екраните беше забележано во 2021 година во серијата „Американска хорор приказна“.

Што се однесува до приватниот живот, пред да се смири со Бренда Сонг во 2017 година, осум години беше во врска со Мила Кунис, а во тинејџерските години беше оженет со актерката Рејчел Мајнер, но наскоро сфатиле дека бракот бил грешка.
Денес Меколи е среќен со Бренда, има два сина — а помладиот е роден во 2023 година, неколку месеци пред Меколи да добие заслужена ѕвезда на холивудската Патека на славните.

Калкин е доказ дека дури и зад наизглед безгрижната детска насмевка може да стои борба, но и дека од темнината може да излезе силен и семејно исполнет човек.









