Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја

Макфакс

16/12/2025

07:40

227

Големина на фонт

а а а

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

 . од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;

· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;

· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;

· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.