[ФОТО] Празничниот гламур на Блејк Лајвли: Кралицата на стилот понела еден детаљ за кој модните куќи велат дека е задолжителен за време на дочекот

Точка

12/12/2025

13:12

368

Големина на фонт

а а а

Блејк Лајвли неодамна во Њујорк уште еднаш потврди зошто важи за една од најстилизираните јавни личности. Од времето на Серена ван дер Вудсен „Озборувачка“, таа е модна икона, а нејзиното најново празнично издание само го потврди тој статус.

Овојпат избегна класични сјајни комбинации и се одлучи за драматичен момент – стјлинг акцентиран со пердуви. Таа носеше парчиња од најновата колекција на дизајнерката Тамара Ралф – златно-бела јакна од твид украсена со кристали и светки, комбинирана со свиленкаста миди сукња, богато украсена со ноеви пердуви.

Целиот изглед зрачеше со луксуз, а токму пердувите и го дадоа тој свечен, празничен блесок. Целата комбинација беше заокружена со кристални штикли, уште една потврда за нејзината љубов кон гламурозната обувка на францускиот дизајнер.


Пердувите – новиот празничен тренд

Наместо традиционалните светки, Блејк Лајвли нуди поинаков пристап кон новогодишната елеганција. Пердувите, некогаш резервирани за сцена и кабаре, сега стануваат моден фаворит – додавајќи разиграност и волумен.

Дека трендот добива замав, го потврдува и неодамна завршената Њујоршка недела на модата, каде пердувите беа речиси неизбежни – според „Tagwalk“, нивната застапеност скокнала дури за 632%. Лесни, елегантни и полни со движење, тие стануваат детал што ги оживува фустаните, топовите, ракавите и здолништата. Дизајнери како Брендон Максвел, Ула Џонсон и Алтузара веќе ги имаат претворено во свој заштитен знак.

Кај Жакмус, широкото здолниште во ретро стил од 50-тите е украсено со црни пердуви што даваат нежен, а во исто време впечатлив контраст. Брендот „16 Arlington“ ги користи пердувите за да го засили гламурот на вечерните фустани, додека кај Шанел се појавуваат во дискретни детали – на манжетните од твид комплетите или на кусите кардигани, каде што внесуваат доза суптилна, поетска елеганција.

Едно е сигурно: пердувите никогаш не биле толку модерни и подготвени да ја подигнат секоја празнична комбинација.


Црвен фустан како ѕвезда на вечерта

Блејк во Њујорк заблескала и во второ издание – раскошен црвен фустан со кој ја прослави соработката на својот бренд за нега на коса, „Blake Brown“, со „Stoney Clover Lane“ во Вест Вилиџ.


Улиците на Вест Вилиџ добија вистински празничен шарм: бутик украсен со венци и машни, пред вратата цветни аранжмани, а покрај тротоарот винтиџ количка за кафе декорирана со зимзелени гранки и карирани ленти. Во таквата бајковита атмосфера, актерката ги пречекувала гостите и ја претставила лимитираната колекција персонализирани торбички и beauty сетови, идеални за патувања и празнични подароци.


За дневниот настан на 9 декември, таа ја заменила кутур комбинацијата со пердуви со поедноставен, но извонредно впечатлив фустан во длабока црвена нијанса. Миди моделот од сјаен сатен, во вино боја, елегантно ја следи линијата на телото и се шири во А-крој, додека длабокото деколте со украсен раб потсетува на старохоливудски гламур. Совршена комбинација за опуштени, но шик празнични средби.