Послични сме со меркатите отколку со мајмуните: Луѓето меѓу „шампионите“ на моногамија во природата

Точка

10/12/2025

17:17

377

Големина на фонт

а а а

Луѓето, според застапеноста на моногамијата, повеќе наликуваат на меркатите отколку на приматите, покажала нова студија која ги споредила обрасците на парење кај различни видови цицачи.

Научниците наведуваат дека, од испитаниците, 66% од луѓето имале исти двајца биолошки родители како и нивните браќа и сестри, што укажува на висок степен на моногамија, пренесе Би-би-си.

Со тоа луѓето се рангираат над шимпанзата и горилите, приближно на нивото на меркатите, но сè уште под дабровите.


„Најмоногамниот“ вид е калифорнискиот глушец, кој останува со еден партнер до крајот на животот.

На дното од листата се наоѓаат шимпанзата, делфините и расата овци „сои“ со потекло од Шкотска.


Студијата ја спровел Марк Дајбл од Универзитетот во Кембриџ, анализирајќи податоци за човечки популации низ историјата и споредувајќи ги со повеќе од 30 други видови.

Тој изјавил дека моногамијата носи предности во грижата за младенчињата и во одвраќањето на ривалите.

Студијата е објавена во списанието „Proceedings of the Royal Society: Biological Sciences“.