Составот на Феникс Санс издвојува победа над Минесота Тимбервулвс од 108:105 во дерби натпреварот што рано утрово се одигра во НБА лигата.
„Волците“ играа на домашен терен, го дочекаа соочувањето со самодоверба со оглед на тоа што беа во серија од пет победи, на теренот го имаа расположениот Едвардс, но сето ова не им беше доволно за позитивен резултат против „сонцата“ од Аризона.
Едвардс беше далеку најдобар поединец на паркетот со 40 поени, 9 скока, 2 асистенции и 1 украдена топка, меѓутоа Феникс одигра тимски, шестимина играчи беа двоцифрени што се покажа како добитна формула за славје во „Таргер Центарот“ во Минеаполис.
На другите два натпревари Индијана во својот дом го доби Сакраменто со 116:105, а Сан Антонио триумфираше над „пеликаните“ од Њу Орлеанс со резултат 135:133.






