Во САД укината универзалната препорака за вакцинација против хепатит Б за новороденчиња

Макфакс

05/12/2025

21:51

151

Големина на фонт

а а а

Американските советници за вакцинација ја укинаа долгогодишната препорака сите новороденчиња во САД да ја примаат вакцината против хепатит Б веднаш по раѓањето. Наместо тоа, вакцината ќе се дава само на бебиња чиишто мајки (помалку од 1 отсто) се позитивни на вирусот.

За останатите новороденчиња, комитетот одлучи лекарите и родителите самостојно да одлучуваат кога ќе започне вакцинацијата, со препорака првата доза да се даде пред детето да наполни два месеца.

Јавноздравствени експерти и медицински здруженија ја критикуваа одлуката, предупредувајќи дека може да го загрози напредокот постигнат од 1991 година, кога рутинската вакцинација драматично го намали бројот на заразени деца.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), со новото раководство назначено од министерот Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ќе ги користи препораките за изработка на јавноздравствени упатства. Стручњаците предупредуваат дека ставањето акцент на „изборот на родителите“ е главен аргумент на противниците на вакцините.

Светската здравствена организација и понатаму препорачува сите новороденчиња да се вакцинираат што е можно побрзо по раѓањето, бидејќи 95% од заразените бебиња развиваат хроничен хепатит