Општина Бутел извести дека денеска во координирана акција со МВР, во раните утрински часови бил отстранет бесправно изграден објект во населеното место Визбегово.
„Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок.
❌ РАНО УТРОВО ОТСТРАНИВМЕ БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ И УЗУРПАЦИЈА НА ДРЖАВНА ЗЕМЈА ВО ВИЗБЕГОВО ❗️
Во координирана...
Posted by Дарко Костовски on Wednesday, December 3, 2025
Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани и секогаш се залага за чесните луѓе. Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпација на државно земјиште“, се вели во соопштението на општина Бутел.







