Оптичка илузија ги излуди луѓето: Гледајте во оваа слика 10 секунди и боите ќе исчезнат!

Точка

30/11/2025

16:40

2.482

Големина на фонт

а а а

Кај некои луѓе боите целосно исчезнале, кај други воопшто не се промениле, а кај третите исчезнале само во делот што потсетува на круг околу црната точка. Во тој круг виделе само беж нијанса, додека на останатиот дел од сликата и понатаму јасно ги разликувале различните бои.

Оваа мозгалка беше објавена на „Gizmo“ профилот на мрежата „Twitter“, со упатство: „Гледај во црната точка десет секунди и боите ќе исчезнат“.

Според објаснувањето, благодарение на оваа оптичка илузија, целата слика би требало да стане беж. „Gizmo“ наведува дека причината е во тоа што човечкото око правилно гледа само мал дел од мрежницата.

„За да ја видиме целата слика, мораме благо да го поместиме окото, а потоа мозокот ги ’составува‘ сите елементи во една целина“, стои во објаснувањето.

Илузијата ги вознемири корисниците на мрежите

Сликата им се допадна на илјадници луѓе, а некои ја опишаа како „застрашувачка“, бидејќи кај нив се поделила на два дела – лев и десен – што воопшто не го очекувале.

Се појавија и скептични реакции:

„Боите никако не исчезнуваат, без разлика колку долго гледам“, напиша еден корисник.

Додека едни тврдат дека боите им исчезнале, други не забележале никаква промена, а трети виделе промена само во кружниот дел околу црната точка – таму се појавила беж нијанса, додека на останатиот дел од сликата и понатаму разликувале повеќе бои.

„Кај мене боите избледеа како да исчезнуваат, но не исчезнаа целосно“, додаде еден корисник на „Twitter“.