[ВИДЕО] Обвинението против поранешниот шеф на ФБИ е отфрлено: „Знам дека Трамп повторно ќе ме нападне“

Макфакс

25/11/2025

10:09

135

Големина на фонт

а а а

Американскиот федерален суд вчера го отфрли обвинението против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, жесток критичар на американскиот претседател, а Коми оцени дека одлуката покажува дека Доналд Трамп не може да ги користи државните органи за прогонување на политичките непријатели.

Судот пресуди дека обвинителката Линдзи Халиган, која го водеше случајот, не требало да биде назначена од Министерството за правда на САД, па затоа обвинението беше отфрлено, но Министерството може повторно да го отвори случајот.

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека Министерството за правда ќе поднесе жалба.

Обвинителката Линдзи Халиган, личен адвокат на Трамп, беше именувана за вршител на должноста откако нејзиниот претходник заклучи дека доказите презентирани во случајот Коми се недоволни за покренување обвиненија, според „Вашингтон пост“.

Весникот објави дека подоцна бил отстранет од функцијата од страна на администрацијата на Трамп.

Пред нејзиното назначување, Халиган работела во Белата куќа и била еден од личните адвокати на Трамп.



Коми ја поздрави пресудата во видео изјава објавена на Инстаграм. Тој рече дека одлуката покажува дека американскиот претседател не може да го користи Министерството за правда за да ги гони своите политички непријатели.

„Знам дека Доналд Трамп веројатно повторно ќе ме нападне“, додаде Коми. „Не се плашам и верувам во независно судство.“