Синиша Каран е избран за нов претседател на Република Српска. Опозицијата објави дека ќе поднесе приговори поради нерегуларности и ќе побара повторување на изборите во Зворник, Добој и Лакташи, објави „Дневни аваз“.
Овие избори се карактеризираа со ниска излезност од 35,72 проценти, што е дури 18 проценти пониско од изборите во 2022 година.
„По којзнае кој пат, кога беше најтешко, победи српскиот народ“, рече Каран, откако партијата прогласи негова победа.
Милорад Додик никад веселији, издајник Вукановић никад тужнији! pic.twitter.com/XhlxnswOxx
— Саша Шарчевић (@saarcevic2901) November 23, 2025
„Благодарност до сите што го препознаа овој момент и благодарност до претседателот Додик, и до сите што не се членови на нашата партија, но го препознаа овој момент. Српскиот народ даде решителен одговор на странскиот окупатор“, рече тој.
„Убеден сум дека администрацијата на Трамп ќе остане доследна и нема да се занимава со други земји, како што е Босна и Херцеговина. Тие сакаа да се ослободат од Додик, а сега добија двајца Додикови“, рече Каран.
Прославата во СНСД траеше до доцна во ноќта, а Додик го зграпчи микрофонот и запеа.
Според прелиминарните податоци, Каран победи со три проценти повеќе гласови од неговиот главен противник, Бранко Блануша од СДС.







