[ФОТО] Кројот и бојата – чиста „десетка“: Кејт Мидлтон го покори црвениот тепих

Точка

22/11/2025

13:00

698

Големина на фонт

а а а

На популарната британска свеченост „Royal Variety Performance“, сите гледале во принцезата од Велс Кејт Мидлтон која и на овој настан покажала единствено модно издание.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, присуствувала на големата британска свеченост на која традиционалнo присуствуваат голем број славни личности, а сето тоа е од хуманитарен карактер.


Како што се очекувало, Кејт ги правдала очекувањата и покажала поради што и натаму е непобедливa во конкуренцијата најдобро облечена жена во Европа.

Кога се појавила во друштво на принцот Вилијам, таа и нејзиниот фустан станале центар на светот.


За оваа прилика, принцезата од Велс избрала да носи смарагден фустан со потпис на модната куќа „Talbot Runhof“. Препознатливиот сирена крој којшто Кејт со задоволство го бира и овојпат ја истакнал нејзината фигура на тело, додека пак спуштените раменици придонеле во елеганцијата.

Раскошниот накит е дел од секој нејзин аутфит, па и овојпат избрала да носи „Cartier“ обетки и тоа баш оние кои ѝ припаѓале на кралицата Елизабета.


Кејт своето совршено модно издание го надополнила со чанта и салонки во иста боја како фустанот, па уште еднаш демонстрирала моден стил којшто е навистина прекрасен.