Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за пристапување кон ЕУ

Макфакс

20/11/2025

10:14

154

Големина на фонт

а а а

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Украина не ги исполнува ниту еден од критериумите за пристапување кон Европската Унија.

„Мислам дека на луѓето кои знаат како функционира ЕУ и според кои критериуми земјите стануваат членки им е апсолутно јасно дека Украина не ги исполнува ниту еден од поставените критериуми.

Таму нема ништо: нема демократија, нема транспарентен судски систем, нема антикорупциско законодавство“, изјави Захарова за Спутник.

Според неа, приемот на Украина во ЕУ е потребен не на обичните граѓани на Унијата, туку на европските бирократи кои спроведуваат политика без да ги земат предвид интересите на земјите-членки.

„Додадете ја на тоа тешката состојба на европската економија, економијата на ЕУ, и ќе го добиете соодветниот резултат“, заклучи Захарова.