[ФОТО] Илон Маск по прозивките на Били Ајлиш за неговото богатство: „Не е баш најбистра“

Точка

18/11/2025

14:32

909

Големина на фонт

а а а

На интернет се „разгори“ расправија меѓу пејачката Били Ајлиш и технолошкиот могул Илон Маск.

Дебатата за богатството и општествената одговорност ја подели јавноста откако пејачката ги прозва ултрабогатите, а основачот на „Tesla“ не ѝ остана должен.

„Зошто сте милијардер?“

Сè започна претходно овој месец, кога 23-годишната пејачка на доделувањето на наградите „Innovator Awards“ на „Wall Street Journal“ ги повика светските богаташи да донираат дел од своите пари. „Моментално живееме во време кога светот е навистина, навистина лош и навистина мрачен, а на луѓето им треба емпатија и помош повеќе од кога било, особено во нашата држава“, им порача Ајлиш на присутните.


„Ако имате пари, би било одлично да ги искористите за добри работи и можеби да ги дадете на некои луѓе на кои им се потребни“, продолжила таа, упатувајќи директно прашање до публиката: „Ве сакам сите, но овде има неколку луѓе кои имаат многу повеќе пари од мене, и ако сте милијардер — зошто сте милијардер?“.

Директна прозивка

Нејзините изјави се совпаднаа со веста дека Маск и управата на „Tesla“ договориле најголем корпоративен платен пакет во историјата. Доколку исполни низа зададени цели во следните 10 години, како испорака на 20 милиони возила и лансирање флота од еден милион автономни такси-возила, Маск би можел да стане првиот трилијардер во светот. Соочена со оваа вест, Ајлиш, чие богатство се проценува на 53 милиони долари, директно го прозва Маск, нарекувајќи го „е*ено патетична кукавица“.


Краток и брутален одговор од Маск

На реакцијата на Илон Маск не се чекаше долго. На социјалната мрежа „Х“, тој кусо ја коментираше пејачката со навредлива изјава. „Не е баш најбистра“, напиша Маск.


Поделени реакции

По изјавата на Маск, многу негови следбеници застанаа во одбрана на пејачката. „Ако така зборува за уметница која освоила Греми, не можам да замислам што мисли за нас останатите“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Забележувате како тој знае за овие светски проблеми што би можел да ги решава, а сепак не избира да направи ништо. Ох, Били, секогаш ќе бидеш во право“.

Критиките кон Маск продолжија: „Нарекувањето на Били со погрдни имиња ништо не менува. Таа постави валидно прашање за милијардерите и одговорноста“, стои во еден коментар, додека друг корисник бил поостар: „Да нарекуваш некого глупав само затоа што те критикува на легитимен начин е некаква основношколска глупост“.

Од друга страна, многумина застанаа на страната на Маск, тврдејќи дека познати личности како Ајлиш немаат право да им диктираат на другите како да ги трошат своите пари. „Негови пари, негов избор“, напиша еден корисник на „X“. Друг праша: „Зошто толку сакате да им кажувате на богатите луѓе како да ги трошат парите за кои работеле?“.