[ВИДЕО] Торнадо пустоши во Португалија: три лица загинаа, десетици се повредени

Макфакс

16/11/2025

10:18

315

Големина на фонт

а а а

Најмалку три лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во Португалија по налетот на силното невреме и торнадото Клаудија што во изминатите денови го погоди регионот, соопштија португалските власти.

За повеќе региони, меѓу кои Брага, Фаро, Сетубал и Бежа, издадени се портокалови и жолти метео-аларми поради продолжениот ризик од екстремни временски услови.

Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави поддршка за погодените заедници.

Истовремено, силните дождови и поплави предизвикани од истата временска бура погодија делови од Велика Британија, вклучувајќи го Монмут и југоисточен Велс, каде се издадени повеќе од 180 предупредувања за поплави.