[ВИДЕО] Тревис Скот ја изненади публиката: Ќерката Сторми пееше со него на сцената во Токио

Точка

10/11/2025

19:45

620

Големина на фонт

а а а

Тревис Скот им приреди на своите обожаватели посебно изненадување за време на концертот во Токио минатата сабота, 8 ноември. Тој ја донесе на сцената својата седумгодишна ќерка Сторми, која ја има со ријалити ѕвездата и претприемачка Кајли Џенер, објави „Пипл“.

Сторми се качила на сцената за време на изведбата на песната „Thank God“ од 2023 година. Облечена во маица со принт и крзнено палто, со косата во шарени плетенки, малата Сторми се насмевнала и танцувала покрај својот татко. Носела заштитни слушалки  за да ги заштити ушите од гласната музика и еуфоричната публика во Белуна Доум.


Во еден момент, Скот ѝ го подал микрофонот за да го отпее нејзиниот дел од песната: „Така е, тато“, на што продолжи со репликата: „Сторми е малолетна, но знаете дека живее на големо.“ Потоа раперот ја повика публиката да ја поздрави неговата ќерка, што беше дочекано со громогласен аплауз.


Но тоа не беше единственото изненадување на вечерта. На Скот на сцената му се придружил Канје Вест, кој на почетокот се појави со маска на лицето. Кога ја симнал и го открил својот идентитет, публиката била воодушевена. Двајцата рапери изведоа неколку песни заедно, вклучувајќи го и хитот на Вест од 2004 година „Through the Wire“.