Работите за Наполи се далеку потешки и посложени оваа сезона во ситуација кога играат фудбал на секои три дена, уште повеќе ако се знае дека Антонио Конте остана без неколку клучни фудбалери кои прават разлика на теренот.
И покрај низата проблеми, „небесно-сините“ одлично се справуваа со неповолните ситуации во изминатиов период, но по реми средбите со Комо и Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампиони, сега пристигна и непријатен пораз во Серија А.
Болоња се покажа како навистина тежок испирт за избраниците на Конте, а во натпревар на кој домашнио тим беше далеку подобар, на крајот заслужено видовме победа со резултат 2:0.
Главната разлика беше направена на стартот на вториот дел кога беа постигнати два гола во мрежата на Милинковиќ-Савиќ, првиот од Далинга, а вториот од Лукуми.
Нашиот Елиф Елмас беше стартер и одигра 68 минути на „Ренато Далара“, но Болоња му ги расипа убавиот јубилеј и го остави со празни раце на 200-от натпревар во небесно синиот дрес на Наполи.
2⃣0⃣0⃣ per Elif in maglia azzurra! 💎
💙 #ProudToBeNapoli
Posted by SSC Napoli on Sunday, November 9, 2025
Головите погледнете ги ТУКА.







