Манекенката Хејли Бибер повторно го „запали“ интернетот со нова серија фотографии во бикини, а нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер, не остана рамнодушен.
Таа позирала во минијатурен зелен бикини, промовирајќи нова линија костими за капење, а објавата на Инстаграм за кратко собра милиони допаѓања.



Вниманието го украде коментарот на Џастин Бибер, кој под фотографијата напиша: „О, Боже мој“.

Коментарот веднаш стана вирален и доби повеќе од 40.000 допаѓања. Обожавателите одговорија со пораки како „Ова е љубов“ и „Пронајдете си соба вие двајца, но сериозно, преслатки сте“.
Двојката е во брак од 2018 година и редовно разменуваат јавни изливи на нежност, особено на социјалните мрежи.





