Петмина возачи приведени поради алкохол во крвта во Валандово, Битола и Кочани

Макфакс

08/11/2025

12:58

142

Големина на фонт

а а а

Во неколку одделни контроли спроведени во текот на ноќта на 7 и 8 ноември, полициските службеници привеле пет лица кои управувале возила под дејство на алкохол.

Во Валандово, на 08.11.2025 околу 02:53 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го привеле В.М.(49) од Валандово, откако при контрола на патничко возило фолксваген со гевгелиски регистарски ознаки било утврдено дека возачот има 1,82 промили алкохол во крвта.

Во Битола се регистрирани три случаи. На булеварот „1 Мај“, во 03:05 часот, приведен е Ф.Д.(26) од с. Цапари, кој управувал опел со 1,69 промили алкохол. На ул. „Македонска фаланга“ во 01:16 часот е лишен од слобода Љ.В.(57) од Битола, кој возел фиат со измерени 1,98 промили алкохол. Претходно, на 07.11.2025 во 23:12 часот на ул. „Тошо Даскало“, приведен е Н.С.(36) од Битола, кој управувал пасат со 1,79 промили алкохол.

Во Кочани, на ул. „Теодосиј Паунов“, на 08.11.2025 околу 01:40 часот, полициските службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода С.С.(32) од с. Оризари. Тој управувал волксваген поло со 1,52 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.