Француски рапер го навреди Мбапе во песна, фудбалерот му врати: „Ме молеше да те пуштам на стадион“

Точка

08/11/2025

11:00

823

Големина на фонт

а а а

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе изминативе денови е во центарот на вниманието на француската јавност поради конфликт со локален рапер од Каен.

Раперот, кој настапува под псевдонимот Орелсан, во една песна од албумот што го издаде оваа недела, остро го критикува Мбапе, наведувајќи дека напаѓачот на Реал Мадрид ќе го уништи Каен.

Каен минатата година испадна од Втората француска лига и моментално се мачи во третата, каде што е 10-ти на табелата од вкупно 17 тимови. Во еден дел од песната раперот вели: „Ќе го уништите овој град како Мбапе“.

Мбапе експресно одговори на прозивките преку социјалните мрежи, потсетувајќи дека раперот претходно го молел да го пушти бесплатно на стадион за да гледа натпревар. Притоа додаде дека „немал ниту еден цент“.

„Слободно ‘спасувај’ го градот што толку го сакаш, Орелсан. PS: Типот не направи ништо освен што нè молеше да го пуштиме внатре без да плати, бидејќи нема ни еден цент во џебот — а сега сака да ја претставува вистинската слика на момче од Нормандија“, остро возврати напаѓачот на Реал Мадрид и капитен на Франција.

Да потсетиме, Мбапе минатата година стана мнозински сопственик на францускиот клуб Каен, во периодот кога тимот се обидуваше да избегне испаѓање од Лига 2.

„Сакав да бидам во контакт со играчите, со персоналот, со вработените. Сакав луѓето да знаат колку ми значи да бидам тука, дека клубот има важно место за мене“, изјави тогаш Мбапе, неколку месеци пред испаѓањето во третата лига.