Дали и вашиот телефон прикажува „полн сигнал“, а конекцијата одвај функционира: Еве зошто

Точка

07/11/2025

18:31

700

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш ви се случило телефонот да ви прикажува „полн сигнал“, а интернетот речиси да не работи? Ако да – не сте единствени.

Според извештајот на порталот „Android Authority“, телефоните со "Android" често намерно прикажуваат посилен сигнал отколку што навистина имаат.

Во кодот на "Android" системот постои опција наречена „KEY_INFLATE_SIGNAL_STRENGTH_BOOL“, која му овозможува на корисникот да види дополнителна „цртичка“ сигнал. Оваа функција постои уште од 2017 година, кога „Google“ премина од четири на пет цртички за прикажување на јачината на сигналот.


Од „Google“ појаснуваат дека поголемиот дел од мобилните оператори бараат активирање на оваа опција, и дека не станува збор за измама, туку за начин да се избегне ситуација во која корисникот гледа „нула цртички“, иако сè уште има минимална врска – што може да биде критично во итни случаи.

Сепак, ова козметичко решение значи дека „полн сигнал“ не гарантира добра конекција. Во пракса, сигналот може да биде слаб и покрај тоа што индикаторот изгледа совршено.


За оние кои сакаат поточно да го проверат квалитетот на врската, вистинската јачина на сигналот може да се види во поставките на телефонот, преку патеката:

Settings > About phone > SIM status, каде што е прикажана вредноста на сигналот во децибели (dBm).


Вредности околу –65 dBm означуваат одличен сигнал, додека вредности под –110 dBm укажуваат на многу слаба врска.