Кристијано Роналдо дал интересна изјава поврзана со споредбите со други фудбалери, а во случајов одговорил на споредбите со Дејвид Бекам, кој поради својот изглед и харизматичност претставува вистински бренд и по завршувањето на фудбалската кариера.
Бекам освои многу трофеи и настапуваше за клубови како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а Роналдо смета дека тој е „покомплетно пакување“ од англиската легенда.
– За мене добриот изглед не подразбира само убаво лице, туку целосен пакет.
– Замислете да ги видите Роналдо и некое друго обично момче во црвени шорцеви на Копакабана. Кој ќе добие најголемо внимание? Сто проценти сум убеден дека тоа ќе бидам јас.
– Бекам го знае тоа. Има убаво лице, но се друго е нормално. Од друга страна, јас сум перфектен, – рекол Роналдо.







