Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави имињата на фудбалерите кои се номинирани за престижната награда „The Best“ и гласањето е најава за уште една неизвесна битка меѓу Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Французинот ја доби таа за „Златната топка“, па останува да се види дали ќе добие повеќе гласови и во изборот на ФИФА, во кој во финалната фаза учествуваат единаесет фудбалери.
Доминираат ПСЖ и Барселона кои дадоа седум финалисти, додека останатите се Хари Кејн од Баерн Минхен, Килијан Мбапе од Реал Мадрид, Кол Палмер од Челси и Мохамед Салах од Ливерпул.
Покрај Дембеле, од ПСЖ се номинирани и Витиња, Хакими и Мендеш, додека од Барса се Рафиња и Педри.
Во битката за најдобар тренер се Арне Слот, Луис Енрике, Хавиер Агире, Ханси Флик, Енцо Мареска и Роберто Мартинез.
Во гласањето ќе учествуваат селекторите и капитените на репрезентациите, панел на експерти и фановите.







