Руни со критики за Мареска: Искусните фудбалери на Челси треба да реагираат

Дерби

07/11/2025

11:59

153

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни повторно го привлече вниманието на англиската фудбалска јавност, овојпат со изјава поврзана со потезите на менаџерот на Челси, Енцо Мареска.

Италијанскиот стручњак прави многу ротации во тимот во текот на сезоната, па на пример на дуелот со Карабах во Лигата на шампионите имаше седум различни стартери во однос на претходниот настап на Челси.

Ова е петти натпревар по ред на кој Мареска направи барем седум замени меѓу првите единаесет во сите натпреварувања, па поранешниот напаѓач смета дека поискусните фудбалери треба да реагираат.

– Фудбалерите сакаат да играат и да градат фудбалски однос на теренот.

– Кога постојано правите промени, фудбалерите нема да бидат среќни и на крај тоа ќе им се удри од глава на менаџерот и тимот.

– Мислам дека во сите екипи има една лидерска група и таа мора да го адресира ова прашање до Мареска. Јас би бил загрижен со вакви чести промени и ако бев дел од таа група на искусни играчи, би им рекол дека сум незадоволен од ваквата политика, – рекол Руни.