Дерби пресметките на Реал Мадрид и Барселона секогаш привлекуваат големо внимание на глобално ниво, а така беше и за последното „Ел Класико“ кое донесе победа за избраниците на Чаби Алонсо.
Атрактивниот натпревар сепак донесе и еден разочарувачки момент за првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој истакнал дека ѕвездите на двата тима не дале добар пример за навивачите на стадионот и големиот тв аудиториум.
Големата мешаница и дуелот меѓу фудбалерите на двете екипи го разочарале Тебас и тој јасно го посочи тоа во последната изјава.
– Она што се случи на последното „Ел Класико“ не е добро, фудбалерите не беа добар пример за останатите.
– Треба да разбереме дека фудбалерите се под голем притисок и на моменти реагираат прежестоко, но да се надеваме дека ваквите сцени нема да се повторат.
– На најголем број натпревари од Ла Лига нема вакви проблеми и инциденти и треба да се стремиме кон надградба на таа култура, – рекол Тебас.







