Пелегрини предложи ултра револуционерно правило кое ќе го смени фудбалот на подобро: Сите ќе го бараат противничкиот гол

Дерби

07/11/2025

10:59

227

Големина на фонт

а а а

Бетис оствари победа над Лион со резултат 2:0 и повторно се израдува на мајсторски гол на Антони, но по крајот на оваа средба во Лига Европа, во центарот на вниманието се најде изјавата која ја даде Мануел Пелегрини.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и Манчестер Сити отсекогаш негувал напаѓачки и допадлив фудбал и тоа продолжува да го прави и како предводник на Бетис, а во ситуација кога во јавноста кога се зборува доста за „Венгер правило“ кое целосно треба да го промени офсајд правилото, Пелегрини смета дека многу поважна за фудбалот би била една друга промена.

– Според мене, правилото за офсајд е сосема коректно и ова правило стана доста полесно за разбирање со помош на ВАР. Сега судиите имаат многу голема помош и не се прават грешки. Се даваат предлози да се даде предност за пола чекор на напаѓачот, да бидам искрен, така само ќе си направиме големи проблеми.

– Според мене, постојат други правила со кои можеме да го подобриме фудбалот и со кои може да направиме да еволуира нашата игра.

– Ќе дадам еден мој пример. Кога еден тим ќе ја мине средината на теренот, да нема право да ја враќа топката во својата половина (правило кое се применува во кошарка). Така ќе гледаме многу поофанзивен и подинмичен фудбал. Фудбалот треба да го направиме позабавен и поинтересен, а со тоа правило, сите тимови ќе размислуваат за противничкиот гол и ќе бидат поблиску до него, – изјави Пелегрини.