Снајдер: Реал направи одлична работа што не го потпиша Халанд

Дерби

07/11/2025

10:59

198

Големина на фонт

а а а

Некогашниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер тврди дека Реал Мадрид направил вистински потег што не го ангажирал Ерлинг Халанд.

Норвежанецот важи за еден од најдобрите голгетери на светот, вистинска „деветка“ која растура и разбива, но според Снајдер доаѓањето на Халанд на „Бернабеу“ би било проблем, поточно верува дека Килијан Мбапе сега станува вистински напаѓач.

- Мислам дека Реал Мадрид направи одлична работа што не го потпиша Халанд. Имаше момент кога сè уште веруваа во тоа Мбапе да се стави лево, со Халанд како напаѓач, но мислам дека сегашниот начин е многу подобар бидејќи за мене Мбапе стана вистински напаѓач.

- Начинот на кој ги зазема позициите како напаѓач е многу уникатен и верувам дека сега е многу подобар како напаѓач отколку од левата страна, па затоа нема смисла повеќе да се потпишува Халанд. Тоа се добри вести за Манчестер Сити, - вели Холанѓанецот.

Снајдер исто така смета дека секоја генерација ќе си има свои идоли.

- Откако Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе се пензионираат, луѓето ќе почнат повеќе да зборуваат за Мбапе, Винисиус, Ламин Јамал како што зборуваме за Роналдо и Меси сега. Се работи за генерации. Кога Диего Марадона се повлече, се појавија други играчи.

- За 100 години, луѓето нема да зборуваат за Мбапе, Винисиус или Јамал на ист начин. Ќе има нова генерација која ќе ги замени, но кога ќе се пензионираат, ќе почнеме да зборуваме за Мбапе, Јамал и Винисиус на ист начин како што зборуваме за Роналдо и Меси, - смета некогашниот ас на Ајакс, Реал и Интер.